Винарската визба Тиквеш прокнижи 84,6 милиони денари добивка

43

tikves

Добивка од 84.627.000 денари прокнижи винарската визба Тиквеш, во период од први јануари до 31-ви декември минатата година, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Добивката на крајот на 2015 година изнесуваше 37.364.000 денари.

Вкупните приходи од продажба заклучно со 31-ви декември лани изнесуваа 1.307.082.000 денари. Од нив на домашен пазар се остварени 784.832.000 денари, додека преку извоз се реализирани 522.250.000 денари.

“Вкупните приходи забележаа раст од 9%, односно зголемување за 112,8 милиони денари. Растот се должи на зголемените приходи генерирани од домашниот пазар за 12% и од странските пазари за 6%. Бруто добивката бележи раст од 27%, односно зголемување за 111 милиони денари“, стои во Образложението кон постигнатите резултати.

Бруто приходите во 2017 година, како што се наведува, се предвидени на износ од 1,441 милиони денари, што претставува зголемување од 10% споредено со 2016 година. Во вкупната реализација во обем, домашниот пазар се планира да учествува со 48% додека извозните пазари да учествуваат со 52%. Нето добивката пред оданочување за 2017 година се очекува да се движи во согласност со стапката на раст на приходите.