Вино од милион долари зреело во Земјината орбита

24

Аукциската куќа Christie’s на приватна продажба стави шише фино француско вино што, во рамки на експеримент од Бордо, 14 месеци созревало во Земјината орбита, а се проценува дека цената би можела да достигне милион долари.

Станува збор за виното Petrus од 2000-та година, што е ексклузивно црвено вино од светска класа произведено од грозјето Мерлот од вински регион во Бордо, пренесува Ројтерс.

“Ова шише Petrus 2000 претставува важен чекор во напорите за развој и изучување на процесот на зреење на виното“, вели Тим Триптри, директор на меѓународното одделение за вино и жестоки пијалаци на Christie’s.

Приходот од продажбата ќе оди во приватната европска ракетна компанија Space Cargo Unlimited, којашто лансираше 12 шишиња на пат до Меѓународната вселенска станица во ноември 2019 година, во рамки на серијата експерименти.

Десетина шишиња се вратени на Земјата во јануари оваа година во карго капсулата на SpaceX откако во орбитата на оддалеченост од 300 милиони километри од Земјата, помина скоро 440 денови.

Едно шише од бербата Petrus 2000, од имот од 28 хектари што произведува само околу 30.000 шишиња годишно, обично чини 5.366 долари, а едно е продадена на аукција во 2018 година за 51.660 долари.

Фото: Pexels