Виното Барово на Тиквеш освои платинест медал на Decanter 2018 во Лондон

64

Врвното тероар црвено вино Барово на Винарската визба Тиквеш,од бербата 2015-та, е наградено со платинест медал на еден од најмасовните меѓународни вински натпревари – Decanter 2018, кој се одржува во Лондон, а на кој секоја година за престиж во винскиот свет се борат над 17.000 вина од најпознатите вински региони.

Платинест медал се доделува само на искучителните вина – добитници на златни медали,во специјална оценувачка сесија. Стручното жири на Decanter, составено од дури 250 вински експертина Барово годинава му додели 97 поени и плaтинест медалсо што ова врвно македонско вино е издвоено од сите останати добитници на највисоки награди.

За одличниот впечаток што го оставија вината на Тиквеш на годинешниот 15-ти светски вински натпревар Decanter, говори и податокот дека стручното жири на натпреварот им додели награди и на уште 12 вина на Тиквеш кои учествуваа на натпреварот. Сребрени медали освоија двете црвени вина Александрија куве и Т’га за југ од бербата 2016-та, а бронзени медали им се доделени на шест вина, и тоа на: Каберне франк, Вранец и Плавец од серијата Special Selection, како и на: Темјаника (класик), Александрија (розе) и Шардоне Оак Edition.Дополнително, четири вина на Тиквеш добија специјални пофалници.

Истовремено, вината на Тиквеш освоија значајни награди и на eден од најголемите вински натпревари во нашиот регион – Balkan International Wine Competition (BIWC) 2018, што се одржува во главниот град на Бугарија, Софија. И на овој натпревар златен медал освои црвеното вино Барово од бербата 2013-та, сребрени медали им се доделени на Домен Лепово гранд куве 2015, Темјаника Special Selection 2015 и Виоње Special Selection 2017, а бронзен медал на виното Т’га за југ 2016.