Вински подрум со футуристички изглед во Бордо

182

philippe-starck-chai-les-carmes-haut-brion-france-designboom-01-818x542Францускиот дизајнер Филип Старк и архитектот Лук Арсен – Анри создадоа футуристички вински подрум во Бордо, Франција, што наликува на огромно сечило закопано во земја. Структурата е изградена во вештачко езеро за да полесно да ги поднесе временските прилики во регионот, пишува Dezeen.

Освен подрумот со вино, градбата има и неколку соби за прием и голема тераса на покривот. Имотот наречен Château les Carmes Haut-Brion, каде е сместена градбата, го носи истото име како и црвеното вино што го произведува, а тука се прави и бело вино наречено Le Clos des Carmes.

Од 2010 година тој е во сопственост на бизнисменот Патрис Пишо. Винскиот подрум е на три ката, од коишто едниот е под вода. Долниот кат вклучува визба каде можат да се чуваат 300 дрвени буриња вино, одлично заштитена од неповолни температури и влажност. Над неа се собите каде виното се складира во големи дрвени, метални и бeтонски контејнери за да одговараат на различните типови на лоза. Катот каде виното може да се дегустира се наоѓа над собите за складирање и води до терасата на покривот.

château-les-carmes-haut-brion-wine-cellar-philippe-starck-bordeaux-france_dezeen_1568_2philippe-starck-chai-les-carmes-haut-brion-france-designboom-05Philippe-Starck-Designing-New-Winery-In-Bordeaux-1440x695Vignoble,Château Les CARMES Haut Brion,Pessac,Bordeaux-Groupe-Pichet-Aquitaine-Gironde©Phil-labeguerieVignoble,Château Les CARMES Haut Brion,Pessac,Bordeaux-Groupe-Pichet-Aquitaine-Gironde©Phil-labeguerie