Вип ги отвора вратите и за домашните миленици на своите корисници

27

Како компанија посветена на обезбедување целосно искуство за своите корисници и посетители во продажните салони,  Вип го најавува отворањето на вратите и за нивните домашни миленици во првите пет продажни салони, стои во соопштението.

Од денеска, во продажните салони на Вип лоцирани во Градскиот трговски центар, Трговскиот центар Лептокарија во Карпош, Трговскиот центар Бисер во населба Аеродром и продажните салони во Охрид и Битола посетителите се добредојдени и со своите миленици. Од сега, корисниците не треба да размислуваат каде ќе ги згрижат своите миленици додека тие ги извршуваат потребните активности во некој од салоните на Вип.

“Ова е многу важна тема за сопствениците на милениците. Свесни сме за големата приврзаност и љубов на корисниците кон нивните домашни миленици, но истовремено и за нивната потреба да ги посетат нашите салони, а притоа нивните миленици да се згрижени и да престојуваат на безбедно место. Овие неколку салони во нашата мрежа ги исполнуваат условите сите посетители да се чувствуваат пријатно кога бираат телекомуникациски решенија што најмногу им одговараат на нивните комуникациски потреби, извршуваат плаќања на сметките или едноставно сакаат да се информираат за новитетите во нашата понуда. Убедени сме дека ова е само почеток на уште подобро искуство меѓу нас во Вип и нашите корисници“, вели Маја Ангеловска, директорка за продажба на приватни корисници во Вип.

Со цел милениците и корисниците да поминат пријатни моменти во салоните, миленикот треба да биде на поводник и постојано придружуван од неговиот сопственик. Заштитна маска е задолжителна за оние миленици за кои оваа мерка е предвидена со законски одредби.  Инаку, оваа активност не е единствената на Вип посветена на домашните миленици. Ексклузивно преку продажната мрежа на Вип е достапен и уникатниот уред  наменет за домашните миленици – MyKi Pet што им помага на сопствениците на домашни миленици да го следат нивното движење и локацијата на која се наоѓаат и тоа во реално време користејќи Android/iOS апликација.