Вип продолжува со трендот на позитивни резултати

26

VipВо првиот квартал од годината, мобилниот оператор Вип продолжи со трендот на позитивни резултати и консолидирање на позицијата на втор мобилен оператор на пазарот.

Бројот на корисници на услугите на Вип на крајот од првиот квартал од 2013 година надмина 626.000 корисници. Истовремено, Вип забележа и раст на пазарниот удел од над 28% со постојан раст на уделот на постпејд сегментот од околу 45%.
Вкупните приходи на компанијата во наведениот период достигнале 15 милиони евра, што е за 13% повеќе во споредба со истиот период лани.
Заработката пред камати, даноци, депресијација и амортизација (ЕБИДТА) изнесуваше 1,8 милиони евра во првиот квартал, додека оперативната добивка порасна до 1,9 милиони евра наспроти оперативната загуба од 0,3 милиони евра во првиот квартал од 2012 година.

“И покрај многуте предизвици на пазарот и во услови на силна конкуренција, Вип успеа да се зацврсти како втор најголем мобилен оператор во Македонија. Заложбите на целиот Вип тим во обезбедување на најдобро корисничко искуство се евидентни во континуираниот раст на пазарниот удел, кој на крајот од првиот квартал достигнува повеќе од 28%”, изјави главниот извршен директор на Вип, Никола Љушев.