ВИП салонот на аеродромот во Мумбаи прогласен за најдобар во светот

33

PG5A0011Луксузниот ВИП салон GVK Lounge којшто се наоѓа на интернационалниот аеродром во Мумбаи, Индија е прогласен за најдобар во светот на големото финале на World Travel Awards 2015, одржан неодамна во Мароко.

Одличната услуга, како и разните погодности како спа третмани не се единствените карактеристики на овој салон којшто зрачи со еден елегантен стил во духот на индиската традиција.

Салонот е поделен во три категории според различните вкусови и сензибилитет на гостите: Прва класа, Премиум класа и Бизнис класа и сите изгледаат подеднакво луксузно и отмено.

PG5A0130 (1)PG5A0125PG5A0044PG5A0034