Транспарентноста на компаниите е најголемото очекување од корисниците во денешно време. Токму затоа со цел да покаже уште поголема отвореност и да ги приближи своите услуги до корисниците компанијата Инбох креираше иновативна веб страна http://www.inbox.com.mk/ , каде секој посетител преку виртуелна тура може да се запознае со иднината на модерното административно работење, стои во соопштението.
Виртуелна тура, физичка архива, е – архива, архивски сеф, дигитализација се сегментите на новата веб страна на Инбох, преку коишто на иновативен начин можеме да се запознаеме со безхартиената канцеларија и да ја искусиме вредноста на виртуелните полици.
Да се запознаеме со Инбох иновативниот систем за архивирање којшто обезбедува брза и лесна достапност на информациите, целосна контрола над документацијата овозможувајќи им на компаниите да ја подобрат својата организациска ефикасност. http://www.inbox.com.mk/Virtual-Tour.
Станува збор за успешна бизнис иновација на македонскиот пазар, којашто е спој на добро познати технолошки достигнувања во нов бизнис модел, што интегрира три технологии. Инбох не е 100% физичка архива, ниту е 100% дигитална архива, а употребените технологии дозволуваат по потреба на клиентот да се претвори во едно или друго, што е неговата уникатност. https://www.youtube.com/watch?time_continue=357&v=Bs__4T4y7F8.
Документите кога се чуваат во подруми и на полици можат да се изгубат, оштетат и секој да има пристап до нив, без ваше знаење. Инбох е практично решение за архивирање на документите и нивна поголема достапност и безбедност. Овозможува брзо и ефикасно да се добие еден документ, без притоа да мора да се стане од работното биро и да се оди по ходници, катови и подруми за барање на документите. Она што е посебно важно е фактот дека обезбедува највисока безбедност и комплетна контрола на документот.
“Оригиналот е еден и тој најстрого мора да се чува во безбедносно депо. Од него се прави електронска копија која може да се употребува само доколку имате авторизација да ја користите. Не можете да станете, да отидете до документот и да си го земете, отворите и употребувате бидејќи документот не се наоѓа кај Вас. Тој се наоѓа во Инбох, а за да го добиете ќе мора да го побарате, а тогаш ќе се утврдат привилегиите за пристап, потоа се прави запис за барањето што ќе остави трага, и така се креира можност за тотална контрола кој, кога и што барал”, вели Стојче Тасков, креатор и сопственик на Инбох.
“Кога барате документ, дали навистина ви треба документот или ви требаат информациите што се напишани во тој документ? Во 95% од случаите ви требаат само информациите, а не самиот документ како парче хартија. Тоа е смислата на Инбох, тој многу организирано и ефикасно, електронски ги копира информациите и ги доставува без физички да се движи документот – се разбира доколку не ви треба оригиналот. За да може да функционира моделот, претходно е потребно да се изработи електронски регистар на архивата каде ќе се запишат и мапираат архивските планови на клиентот и неговите пребарувачки индекси“, додава Тасков.
Достапноста на информациите, како и безбедноста на документите и контролата врз нив, се главните вредносни компоненти на бизнис моделот на Инбох, истовремено и многу рационална причина клиентите да соработуваат со Инбох.
Голем дел од успешните бизниси и институции во Македонија започнаа да го користат овој иновативен систем, длабоко уверени во неговите вредности. Инбох е изграден на Американска технологија за управување со хартиени и електронски документи – ENVISION. За пет години постоење, создаде капацитет од 35.000 метри кубни специјализиран простор за архивски депоа, поседува технологија за дигитализација на сите можни видови документи, од бизнис картичка до А0 и поголеми формати, како и технологија за ласерско и 3Д дигитализирање на вредни документи, микрофилмски скенери, скенери за рентгенски и други транспарентни документи.