Виртуелни позадини – вработените седат дома, а колегите гледаат плажи на Бахами

110

Една од апликациите што доживеа вистински бум за време на пандемијата со коронавирусот е Zoom. Апликацијата сега е секаде присутна и ја користат милиони луѓе.

Успехот и расте, па опаѓа, многумина ја оспоруваат, но сè уште опстојува и нуди иноватибни опции.

Интересен податок е тоа што до крајот на март Zoom била инсталирана околу 3,7 повеќе пати од Skype и 8,6 пати повеќе од Google Hangouts. Оттука се поставува прашањето зошто е толку голем интересот?

Zoom е практичен, едноставен и бесплатен. Не подразбира инсталирање на специјален софтвер. Може да се користи на лаптоп, десктоп и телефони, а во еден повик може да бидат вклучени до 100 лица.

Она што деловните луѓе ширум светот ги воодушевува е тоа што има опција да изберат и постават позадина којашто им одговара додека разговараат со другите. Значи, додека седат во својот дом, ентериерот што соговорникот го гледа може да биде сосема поинаков од реалниот. Со тоа може да се “замаскираат“ некои ситуации кои можеби не сакате другите да ги видат како неуредна куќа, храна, уметнички детаљи, семејството кое се шета низ домот.

Може да изберете бројни предлози, како на пример, плажи на Бахмите. За да ја промените позадината потребно е да кликнете на опцијата Settings, а потоа Virtual background.

Фото: Pixabay