Samsung во Нов Зеланд го промовираше Galaxy S4 на многу креативен начин. Наместо да стојат пред продавниците, како што тоа го прават обожувачите на ајфоните на Apple, фановите на S4 се редеа во виртуелен ред онлајн, по принципот колку повеќе лајкуваат, твитаат и коментираат за S4, толку побрзо напредуваат во редот. Уште повеќе, агенцијата Colenso BBDO постави огромни LED екрани во Оукланд на кои можеше да се види напредувањето на аватарите во редот во реално време. Во редот учествуваа 12.000 луѓе за две недели, споделувајќи 85.000 приказни на преку три милиони луѓе. Првите тројца во виртуелниот ред добија Samsung Galaxy S4 и викенд во Оукланд.
По лансирањето на S4, уделот на Samsung на пазарот на смартфони порасна за 12%.