Visa Europe развива концепти за иновативни уреди за безконтактно плаќање

19

visa_logo

Visa Europe во соработка со Универзитетот за уметност и дизајн Central Saint Martins создаваат серија на концепти за иднината на бесконтактното плаќање, пишува The Drum.

Три различни концепти беа креирани од страна на пет студенти од Универзитетот во рамки на овој проект. Нивните замисли се однесуваат на нова форма и функционалност на безготовинското плаќање и уреди што би се користеле за таа намена од 2020 година.

“Безконтактно плаќање забрзано се развива од картички до други видови на уреди како што се дигитализираат плаќањата, а жителите на Европа се наоѓаат во врвот на плаќањата со овие нови технологии. Гледаме огромен потенцијал во светот на плаќањата со уреди што може да се користат – посебно во развиените технолошки пазари. Овие уреди што може корисниците да ги носат со себе имаат неколку основни карактеристики: брзина, едноставност и практичност“, вели Ник Меки, менаџер за безготовинско плаќање во Visa Europe.

Овој проект следи откако сите POS терминали на Visa во Европа ќе бидат оспособените за безконтактно плаќање до крајот на 2019 година.