Visa Paywave трансакции на ПОС терминалите на Халкбанк

21

halkbank-580x381

Халкбанк АД Скопје ја надградува функционалноста на своите ПОС терминали, соопштуваат од банката.

ПОС терминалите  на Халкбанк АД Скопје, покрај можноста за бесконтакно плаќање со Mastercard картичките, сега се сертифицирани и овозможуваат и наплата со бесконтактни Visa Pay Wave картички.

Сите клиенти кои ги користат картичките на Visa со логото за бесконтактно плаќање може да уживаат во брзо и лесно извршување на своите трансакции.