Висечки соларни панели над нивите во Вировитица – спој на земјоделието и обновливата енергија

22

2

Со новиот енергетски проект Синерот вреден 1,3 милиони евра, Вировитичко – подравската жупанија во Хрватска планира да ги спои земјоделието и обновливата енергија.

Станува збор за единствен модел на електрана чии соларни панели се поставени на столбови високи четири метри, раздалечени осум метри меѓу себе за да се овозможи непречена работа не механизацијата и потполно искористување на земјиштето. Произведената енергија ќе биде употребена за систем за наводнување на парцелата од 2,5 хектари. Сета механизација потребна за обработка на земјиштето ќе биде на електричен погон, а станиците за пумпање ќе бидат поставени на самата парцела и исто така ќе користат соларна енергија, стои на интернет страната на жупанијата.

Вишокот енергија што ќе го произведе електраната ќе се користи за основните и средни училишта во ова подрачје.

Проектот ќе биде финансиран од европските фондови.

1