Во Холандија над дрвца се гради соларна централа, што е најголемиот ваков проект во овоштарскиот сектор во Европа.
Панелите на ваквите соларни централи се поставени високо над земјата, на носачи, а под нив пасат говеда или се одгледуваат овошје, зеленчук и ароматични растенија.
Трошоците се поголеми отколку со панели на терен, па енергетските компании и производителите на храна бараат оптимални решенија, пренесува SEEbiz.
Во провинцијата Северен Брабант, сопственикот на мала куќа Мартен ван Хоф се договори со германската компанија BayWa и нејзината подружница GroenLeven да инсталираат 24.206 надземни соларни панели.
Од германската компанија велат дека тоа е најголемиот „агросоларен“ проект во овоштарскиот сектор во Европа, со максимална моќност од 8,7 мегавати.
Панелите ќе ги заштитат малините од лоши временски услови, а во исто време ќе произведуваат доволно енергија за 2.810 домаќинства.
Хоф се реши на овој чекор по успешниот пилот-проект на германска компанија која, почнувајќи од 2020 година, ги истражуваше последиците од поставувањето соларни панели над плантажите со различни видови овошје на четири локации.
Со внимателно следење е утврдено дека условите за развој на стеблото на малината се постабилни под плочите отколку под класичните пластични мрежи.
Транспарентните соларни модули овозможуваат доволно сончева светлина да стигне до растенијата, притоа штитејќи ги од град, силен дожд и директна сончева светлина.
Инсталирањето на соларната централа се очекува да заврши до првиот квартал на 2024 година, се вели во соопштението на компанијата.