Вистински деловен помошник за вашето секојдневие – Самсунг Галакси С10

51

Промените во бизнисот се случуваат постојано и многу брзо. Ова наметнува потреба да работите од било каде, без разлика на локацијата. Потребна е вистинска флексибилност и подготвеност за соработка. Со најновата Галакси С10 серија на уреди, можете да направите сè од вашиот телефон најбрзо што може, воедно чувајќи ги вашите лични податоци, како и оние на вашата компанија, постојано заштитени. Новите Самсунг уреди – Галакси С10+, С10 и С10е имаат моќни перформанси, прецизен дизајн креиран лесно да се вклопи во вашите раце и извонредни перформанси кои одговараат на секојдневните потреби кои ги носи деловниот светот. А за најзафатените, тука е можноста да го користите уредот само со една рака – лесно, едноставно, функционално.

Самсунг Галакси С10 уредите работат попаметно и подобро, благодарение на Вештачката Интелигенција и моќниот софтвер. Поддржани од Самсунг Декс (Samsung DeX), повеќе нема потреба да го носите со себе вашиот лап топ. Моќната, интелигентна и трајна батерија работи според вашите потреби, а интелигентниот систем на перформанси ја оптимизира работата и потрошувачката на батеријата според вашите рутини и навики, како и начинот на кој го користите уредот. На овој начин, вашиот паметен Галакси С10 уред ќе биде покрај вас кога ви е најпотребен.

Безбедност на повисоко ниво

Галакси С10 поставува нови стандарди за тоа што означува безбедност на високо ниво преку неколку иновации – ултрасоничниот скенер за отпечаток на прстот и безбедносниот систем Самсунг Нокс (Samsung Knox) кој ви помагаат постојано да држите сè под контрола.

Прилагоден на вашето работење

Искористете ја моќноста и флексибилноста што ја нуди Самсунг С10 серијата на уреди. Чекорете низ денот паметно и енергично, исто како Галакси С10е. Или пак, направете повеќе со моќниот процесор и чувајте ги вашите податоци заштитени на ниво налик сеф со новиот Галакси С10. А со Галакси С10+ проширете ги хоризонтите со неверојатните можности на уредот и со огромната меморија која ви дава чувство на слобода.

Бидете подготвени за одговор, постојано и секаде.