Виталиа со нова веб страница – прозорец кон здравиот начин на исхрана

60

Македонската компанија за здрава храна, Виталиа лансираше нова веб – страница со светски изглед, која содржи интересни и корисни едукативни содржини за сите вљубеници во здравата исхрана. За почеток, функционира англиска верзија со цел компанијата да се доближи до своите потрошувачи во 55 држави ширум светот, но од Виталиа најавуваат дека набрзо ќе биде пуштена и македонската верзија, стои во соопштението.

Станува збор за сериозна и комплексна едукативна и информативна содржина, која на едно место вклучува различни информации за различни целни групи и категории на потрошувачи. Тука ќе можат подобро да се информираат за производите, за трендовите во здравата исхрана, да заталкаат во рубриката за здрави рецепти, да прочитаат совети од нутриционисти и многу повеќе.

Важен сегмент на оваа страница е и инкорпорираната онлајн продавница, за оние кои не се во можност во истиот момент да дојдат до посакуваниот производ било зошто се во странство или од некоја друга причина не можат да го напуштат домот. Активност со која Виталиа се приближи до модерните начини на онлајн купување, скратувајќи го времето да се стигне до омилениот производ.

За истакнување на страната е и нутриционистичкиот корнер, преку кој секој индивидуално може да се информира и да добие препорака за негова персонална исхрана, прилагодена според неговите индивидуални карактеристики. Така што, без разлика дали сакате да ослабнете, да се здебелите или да ја одржувате тежината без да флуктуирате со килограмите, сепак треба да следите некаков нутриционистички план на исхрана. Виталиа нуди индивидуален нутриционистички пакет, а регистрацијата е едноставна… професионалните нутриционисти ќе скројат персонална диета, кон која можете лесно да се придржувате.

Страната на Виталиа нуди и огромна палета на интересни и здрави рецепти и различни нутритивни совети. Советите се поделени по категории и функции, со цел посетителите според својот режим на исхрана полесно да се информираат кои производи треба да ги преферираат.