Витаминка добитник на признанието Qudal

22

vitaminka

Витаминка е добитник на признанието Qudal – Quality meDAL кој е симбол за квалитет. Тоа, според соопштението на компанијата, е дополнителна потврда за довербата на потрошувачите.

“Радува фактот што признанието се однесува и целосно на компанијата како симбол за македонски квалитет, а и за еден од нашите најпознати бренда. Во производното портфолио кое го сочинуваат многу производи, приоритетен е квалитетот и неговото одржување. Затоа нашата постојана стратегија е инвестирање во опрема, технологија и висококвалитетни состојки со цел постигнување поголем квалитет на нашите производи“, изјави Сашо Наумоски, генерален извршен директор на Витаминка.

Признанието е доделено во две категории – за компанија со најдобар квалитет кога станува збор за производи и услуги на македонскиот пазар, како и во категоријата кечап за апсолутно најдобар квалитет на македонскиот пазар.

Qudal се доделува врз основа на истражување спроведено од Меѓународното здружение за сертификација со седиште во Цирих, Швајцарија.