Витаминка ланската година ја заврши со добивка од 57,6 милиони денари

13

vitaminka prilep

Прехранбената компанија Витаминка од Прилеп ланската година ја заврши со вкупна сеопфатна добивка од 57.686.000 денари, покажува неревидираниот поединечен биланс на успех објавен на Македонска берза.

Претходната 2014 година за компанијата заврши со добивка од 52.972.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во 2015 година достигнаа 1.634.702.000 денари, од коишто на домашен пазар се реализирани 936.034.000 денари, додека на странски пазари отпаѓа продажба вредна 698.668.000 денари.

Вкупните инвестиции во основни средства, според Образложението за остварени резултати во 2015 година, изнесуваат 259.905.000 денари. Во истиот период во Витаминка се реализирани 25 нови вработувања.