Витаминка од Прилеп со добивка од над осум милиони денари за три месеци

57

Компанијата Витаминка од Прилеп, во првите три месеци од оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 8.107.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата оствари добивка од 12.174.000 денари.

“Во извештајниот период е остварена добивка по оданочување во висина од 8.107.000 денари, којашто во споредба со добивката за истиот период од минатата година е намалена за 33%. Тоа најмногу се должи на растот на поедини групи на трошоци“, стои во Образложението за финансиските резултати.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 31-ви март оваа година, изнесуваа 629.613.000 денари. Поголемиот дел од 389.472.000 денари е остварен на домашен пазар, додека остатокот од 240.141.000 денари отпаѓа на продажба на странски пазари.

Фото: Facebook