Витаминка од Прилеп за девет месеци оствари 46,4 милиони денари

32

Производната индустрија Витаминка од Прилеп, во периодот јануари – септември оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка во вредност од 46.422.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на деветте месеци од минатата година, компанијата работеше со добивка од 15.406.000 денари.

“Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари – септември 2018 година, изнесуваат 1.583.030.000 денари и во споредба со остварените во 2017 година за истиот период бележат пораст од 29%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 99%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2017 година бележат пораст од 30%“, стои во Образложението за остварените резултати.

Во истото Образложение се наведува дека во периодот јануари – септември оваа година, во Витаминка се реализирани 101 ново вработување.