Прехранбената компанија Витаминка од Прилеп, во период од први јануари до 30-ти јуни оваа година, евидентираше добивка од 9.456.000 денари, покажува поединечниот биланс на успех.
Во првите шест месеци од 2019 година, добивката на компанијата достигна ниво од 7.540.000 денари.
“Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари – јуни оваа година изнесуваат 1.190.390.000 денари и во споредба со остварените во 2019 година за истиот период бележат пораст од 4%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 98% имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основната дејност, коишто во споредба со остварените во 2019 година бележат пораст од 4%“, стои во Образложението на финансиските резултати.
Вкупните инвестиции во основни средства во 2020 година за извештајниот период изнесуваат 53.255.000 денари.
Фото: Facebook