Витаминка продолжува со инвестиции и во 2016 година

31

vitaminka prilep

Фабриката Витаминка од Прилеп го усвои финансискиот и бизнис планот за 2016 година.

“Имајќи ја предвид среднорочната стратегија за развој на друштвото и во 2016 година продолжува со инвестирање со несмалено темпо. Основно, инвестициите се однесуваат на модернизирање и автоматизирање на техничко – технолошките процеси, зголемување на постоечките капацитети, воведување на нови производни линии, градежна реконструкција и адаптација на производните хали и магацини за складирање“, се вели во планот објавен на Македонска берза.

Планираните вкупни приходи од оперативно работење се позиционирани на, како што се наведува, приближно 33 милиони евра. Од овој износ, 56% се планирани да се остварат на домашниот, а 44% на странски пазари.

Како приоритет на продажбата, според планот, е зголемување на продажбата на домашниот и во балканските земји.

Остварувањето на финансискиот план се очекува да ја зголеми добивката на Витаминка за 10% до 15%.