Витаминка проектира 35,7 милиони евра вкупни приходи за оваа година

52

vitaminka-prilep

Планираните вкупни приходи од оперативното работење на компанијата Витаминка од Прилеп се позиционирани на износ од приближно 35.700.000 евра, стои во финансискиот и бизнис план за 2018 година.

Од вака планираните вкупни приходи 52% се планирани да се остварат на домашен пазар, а 48% да се остварат на странски пазари. Како приоритети на продажбата, според планот е зголемување на продажба на домашниот пазат и во балканските земји.

Остварување на финансискиот план, како што се наведува, ќе ја зголеми добивката на компанијата за 10% до 12%.