Витаминка проектира приходи од оперативно работење во висина од 52,1 милиони евра

88

Планираните вкупни приходи од оперативното работење на друштвото се позиционирани на износ од приближно 52.150.000 евра. Од вака планираните вкупни приходи, 60% се планирани да се остварат на домашниот, а 40% на странски пазари, стои во Финансискиот и бизнис план за 2019 година, објавен на Македонска берза.

Како приоритети на продажбата, како што се наведува, се зголемување на продажбата на домашниот и на пазарите на балканските земји.

Имајќи ја предвид среднорочната стратегија за развој на друштвото и во 2019 година продолжува со инвестирање со цел следење на развојните процеси. Основно инвестициите се однесуваат на модернизирање и автоматизирање на техничко-технолошките процеси, зголемување на постоечките капацитети, воведување на нови производни линии, градежна реконструкција и адаптација на производни хали и магацини за складирање.

Остварувањето на финансискиот план ќе ја зголеми добивката на компанијата за 15 до 20%.