Витаминка со добивка од над 25 милиони денари во првата половина од 2016-та

47

vitaminka-prilep1-580x388

Компанијата Витаминка од Прилеп во првите шест месеци од 2016-та година оствари вкупна сеопфатна добивка од 25.126.000 денари, покажува неревидираниот консолидиран биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во првото полугодие лани, компанијата прикажа добивка од 43.000.000 денари.

Од први јануари до 30-ти јуни оваа година, Витаминка оствари 824.836.000 денари приходи од продажба. Од тој износ, 420.591.000 денари е реализиран на домашен пазар, а 404.245.000 денари се остварени преку извоз.

Витаминка се занимава со производство на: производи за ужина, чоколадни производи, слатки, бонбони, пудинзи, сладоледи во прав, шлаг крем, пастеризирани производи, кечап и мајонез, супи и сосови, инстант производи, сирупи и филтер чаеви.