Витаминка во првото тримесечје прикажа добивка од 14,5 милиони денари

26

vitaminka-prilep-580x388

Витаминка од Прилеп, од 01.01. до 31.03.2016 година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 14.512.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период претходната година, компанијата работеше со добивка од 18.208.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првото тримесечје од оваа година достигнаа 391.488.000 денари. Од нив 219.419.000 денари се остварени на домашен, додека остатокот од 172.069.000 денари е реализиран на пазари во странство.