Витаминка за девет месеци прокнижи добивка од 23 милиони денари

28

Прехранбената компанија Витаминка од Прилеп за девет месеци евидентираше вкупна сеопфатна добивка од 23.182.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – септември 2019 година, компанијата оствари добивка од 9.628.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на крајот на септември оваа година имаа вредност од 1.809.694.000 денари, од коишто на домашен пазар се 1.147.339.000 денари, а остатокот од 662.355.000 денари е продажба на странски пазари.

Приходите од продажба во деветте месеци од минатата година беа на ниво од 1.717.538.000 денари.

Фото: Facebook