Витаминка за шест месеци прокнижи 14 милиони денари добивка

26

vitaminka-prilep

Прехранбената компанија Витаминка од Прилеп првите шест месеци од оваа година ги заокружи со добивка од 14.004.000 денари, покажува неревидираниот консолидиран биланс на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период претходната година, добивката на компанијата изнесуваше 25.126.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, во периодот јануари – јуни оваа година, имаа вредност од 841.525.000 денари. На домашен пазар реализацијата достигна 438.278.000 денари, додека на пазари во странство беше на ниво од 403.247.000 денари.