Витаминка за три месеци прокнижи 5,8 милиони денари добивка

62

vitaminka-prilep

Производната индустрија Витаминка од Прилеп првото тримесечје од оваа година го заокружи со добивка од 5.880.000 денари, покажува неревидираниот биланс на успех.

Една година претходно, добивката на компанијата достигна 14.512.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви март оваа година, изнесуваат 402.563.000 денари. Од тој износ, на домашен пазар се реализирани 217.147.000 денари, додека на пазари во странство се остварени 185.416.000 денари.

Витаминка од Прилеп се занимава со производство на: производи за ужина, чоколадни производи, слатки, бонбони, пудинзи, сладоледи во прав, шлаг крем, пастеризирани производи, кечап и мајонез, супи и сосови и други додатоци за храна. Исто така нивната понуда вклучува и инстант производи, сирупи и филтер чаеви.