Визионерски потег на Aston Martin – ретровизори со камера

67

За Aston Martin, страничните ретровизори “од иднината“ би можеле да бидат комбинација на старата и нова технологија. Британскиот производител на автомобили, заедно со добавувачот Gentex Corp. разви технологија која ги комбинира аспектите на традиционалните странични ретровизори со камерите за надзор.

Соработката на Aston Martin и Gentex, инсталирана на прототипот DBS Superleggera, користи три камери – по една во секој надворешен страничен ретровизор и една која е поставена на покривот. Сликите од камерите се објавуваат во повеќе екрани прикажани на средниот ретровизор во внатрешноста од возилото на којшто може да се гледа и наназад.

“Со цел максимално да се искористи погледот кој доаѓа од камерите, Aston Martin ја зголеми големината на огледалата на страничните ретровизори. Сепак, вкупната величина на ретровизорите е помала од оние на DB11“, изјави Дерил Вајзмен, првиот човек за каросериски инженеринг во Aston Martin.

“Можеме да ги земеме и да ги ставиме во соодветно возило во одреден момент во иднината“, изјави тој.

Иако некои европски и азиски земји овозможуваат системи за надзор од камерите како замена за ретровизорите, американските и канадските безбедносни правила бараат возилата да имаат внатрешен ретровизор како и надвор од страната на возачот.

Вајзмен истакна дека производителот развил состав со цел да биде правно ускладен на глобално ниво.

“Веруваме дека ова е патот по кој ќе одиме нанапред додека на Aston Martin сè уште постојат огледала. Веруваме дека тоа така ќе изгледа“, изјави Вајзмен.

Преземено од Avtoplus.mk