Вклучете се во Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, зголемете ги потенцијалите на вашиот бизнис!

35

CEED-1200x628-580x304

Отворена е можноста за вклучување на претприемачите во Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, имплементиран од Центарот за развој на претприемачи и менаџери (ЦЕЕД) Македонија.

Претприемачи, сопственици на бизниси и менаџери од Пелагониски, Источен, Североисточен и Југозападен регион можат да станат дел од Проектот којшто го поддржува растот на претприемачите и нивните микро и мали претпријатија преку размена на искуства, вмрежување, советувања, соработка со компании од странство и поддршка при извозот.

Проектот е наменет за перспективни претприемачи и менаџери со цел да им се овозможи пристап до современи знаења од области кои секој сопственик на бизнис и менаџер треба да ги владее, експертиза, дијагностички алатки за компаниите, поддршка при започнување и зголемување на извозот, дијагноза на економското здравје на компаниите и други алатки за успех во бизнисот.

Основниот критериум за учество е претприемачите и менаџерите да управуваат со компании до 50 вработени.

До сега околу 460 претприемачи од Македонија ги ползувале придобивките од овој проект.

Што ќе добиете со учество во Проектот?

  • Настани за размена на искуства и најдобри пракси од областа на бизнисот преку учество во Програма за Претприемачи и/или учество во специјализирани менаџерски програми од областа на финансии, маркетинг, продажбата и извоз.
  • Настани за вмрежување и воспоставување деловни контакти со други претприемачи од Македонија, учесници во Проектот;
  • Лично советување со бизнис професионалец за надминување на најголемите бизнис предизвици на учесниците;
  • Годишно членство во Бизнис клубот на микро и мали претпријатија на ЦЕЕД Македонија, а со тоа и пристап до мрежа од околу 200 успешни претприемачи и менаџери од Македонија со можност за воспоставување на корисни бизнис контакти и соработка;
  • Проширување на бизнисот на регионалните и странски пазари и
  • Интервенции за подобрување на процесите во компанијата.

Заинтересираните кандидати кои ќе се пријават до 30 септември, ќе бидат кофинансирани со 60% од износот за учеството во проектот. Со тоа, основниот пакет на услуги кој вклучува и учество во Програма за Претприемачи, ќе го добијат за износ од 399 ЕУР, со можност за вклучување на двајца претставници од компанијата за истата сума, или севкупниот пакет кој вклучува учество и во специјализираните менаџерски програми за продажба и извоз, маркетинг и финансии, за износ од 599 ЕУР.

Пријавените кандидати за основниот пакет може да добијат дополнителна стипендија (од 25% до 45%) на износот, доколку исполнуваат некои од подолу наведените критериуми:

  • Доколку би патувале повеќе од 60 км во еден правец до местото на одржување на настаните од Програмата за претприемачи во регионот
  • Доколку имаат помалку од 3 вработени
  • Доколку се старт-ап компанија
  • Доколку се жена претприемач/менаџер.

Доколку учесниците во Проектот преземат некакви интервенции за подобрување на процесите во нивните компании, истите може да им бидат кофинансирани со 50% од вредноста на интервенцијата, но максимално во вредност од 700 УСД. Принципот за користење на оваа услуга е “Прв пријавен – прв услужен”.

За дополнителни информации и закажување состанок, контактирајте ги регионалните координатори:

Пелагониски регион: Цанка Велкова

моб. 075 295 075     e-mail: cvelkova@ceed-macedonia.org

Источен регион: Даниела Бојкова

моб. 076 360 108    e-mail: dbojkova@ceed-macedonia.org

Североисточен регион: Елена Хаџи Пецова

моб. 076 496 613    e-mail: ehadji-pecova@ceed-macedonia.org

Југозападен регион: Кирил Ристоски

моб. 076 235 733    e-mail: kristoski@ceed-macedonia.org

Можете веднаш да аплицирате по електронски пат по што ќе бидете исконтактирани од некој од нашите координатори. Апликацијата за пристап до Програмата можете да ја најдете тука.

Координаторите ќе ве известат за времето и местото на првата средба.

ЦЕЕД Македонија веќе девет години игра важна улога во создавањето на успешни бизнис приказни. ЦЕЕД Македонија е дел од интернационална мрежа на центри за претприемништво, со канцеларии во 14 земји. До сега, преку програмите на Центарот успешно поминале 1.252 претприемачи и менаџери. Повеќе на www.ceed-macedonia.org.