Вкупна потрошувачка по енергенти во октомври

19

Вкупната потрошувачка по видови енергенти во октомври изнесува: 640.641 МWh електрична енергија, 23.424 мил.нм3 природен гас, 344.347 тони јаглен и 103.179 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 72,7% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 93,1% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.