Вкупна потрошувачка по енергенти во септември

43

Вкупната потрошувачка по видови енергенти во септември оваа година изнесува: 562.979 МWh електрична енергија, 2.081 мил. nm3 природен гас, 455.091 тони јаглен и 82.807 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистикс.

Бруто – домашното производство на електрична енергија учествува со 59,1 % во бруто -домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 95,4% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.