Вкупна потрошувачка по видови енергенти во февруари

18

Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2015 година, во Република Македонија,
вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 745.974 МWh електрична енергија, 13,674 мил. nm3 природен гас, 497.997 тони јаглен и 68.952 тони нафтени продукти.

Бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 72,5% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 97,1% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.