Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2016 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 819.607 МWh електрична енергија, 33.879 мил. нм3 природен гас, 674.028 тони јаглен и 60.516 тони нафтени продукти.
Бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 77,7% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 98,2% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.