Вкупна потрошувачка по видови енергенти за јануари 2018

42

light-2568610_960_720Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2018 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 763.508 МWh електрична енергија, 39.347 мил. нм3 природен гас, 414.291 тон јаглен и 63.301 тон нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 66,8% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 98,5% од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.