Вкупните девизни резерви од 2.239.500.000 евра на крајот на јануари

15

Вкупните девизни резерви на крајот на јануари достигнаа 2.239.500.000 евра, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија.

Во споредба со крајот на декември 2015 година, тоа претставува намалување од 22,3 милиони евра, бидејќи тогаш на ова салдо државата имала на располагање  2.261.800.000 евра. Намалување од 244,2 милиони евра има во однос на истиот период лани, кога вкупните девизни резерви биле 2.483.700.000 евра.

Македонија на крајот на јануари оваа година има на располагање монетарно злато од 223.100.000 евра, додека еден месец претходно достигна вредност од 212.800.000 евра.

На салдото на валути и депозити, државата располага со износ од 256.000.000 евра, што во споредба со претходниот месец е намалување од 29,3 милиони евра. Истиот период лани, валутите и депозитите достигнаа вредност од 245.800.000 евра.

Најголем дел од вкупните девизни резерви зафаќаат хартиите од вредност, коишто на крајот на јануари оваа година имаа вредност од 1.755.700.000 евра или 3,2 милиони евра помалку во однос на декември 2015 година (1.758.900.000 евра). Значително намалување од 233,4 милиони евра има кај оваа ставка во однос на истиот период лани, кога земјата располагаше со 1.989.100.000 евра хартии од вредност.