Вкупните девизни резерви во мај намалени за 47,5 милиони евра

21

evro-kosula-pixabay

Фото: Pixabay

Вкупните девизни резерви заклучно со 31-ви мај оваа година имаа вредност од 2.448.500.000 евра, што е за 47,5 милиони евра помалку во однос на претходниот месец, покажуваат податоците на Народна банка на Република Македонија.

На крајот на мај 2016 година, вкупните државни девизни резерви беа на ниво од 2.164.400.000 евра.

Најголем дел од девизните резерви зафаќаат хартиите од вредност, чие салдо на крајот на мај беше 1.827.400.000 евра или 15,9 милиони евра повеќе во споредба со април. Заклучно со 31.05.2016 година, хартиите од вредност изнесуваа 1.657.300.000 евра.

Намалување од 57,4 милиони евра е забележано кај валутите и депозитите, во мај во однос на претходниот месец. Па така, нивната вредност во мај беше 366.300.000 евра, а во април беа на ниво од 423.700.000 евра, додека во мај минатата година изнесуваа 264.500.000 евра.

Монетарното злато на крајот на мај вредеше 250.300.000 евра, додека еден месец претходно достигна 256.100.000 евра. На крајот на мај минатата година, државното злато беше на ниво од 237.900.000 евра.