Вкупните девизни резерви во март достигнаа 2,8 милијарди евра

11

Фото: Pixabay

Вкупните девизни резерви на крајот на март оваа година изнесуваа 2.866.200.000 евра, покажуваат податоците на Народната банка.

Тоа, во споредба со февруари, значи намалување од 1,9 милиони евра, додека во однос со март 2017 година, претставува зголемување од 289,1 милиони евра.

Хартиите од вредност, заклучно 31-ви март оваа година, достигнаа ниво од 2.285.700.000 евра, еден месец претходно 2.269.300.000 евра.

Валутите и депозитите во март имаа вредност од 322,5 милиони евра, што е намалување од 11,3 милиони евра во однос на февруари оваа година.

Монетарното злато во март достигна 254.600.000 евра, еден месец претходно се позиционираше на ниво од 257.900.000 евра, додека во март минатата година изнесуваше 238.100.000 евра.