Вкупно 1,37% слободни работни места во последното тримесечје од 2014

22

Стапката на слободни работни места во последното тримесечје од минатата година е 1,37%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот Административни и помошни услужни дејности и изнесува 2,19%, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација каде што изнесува 0,17%.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1,98%. Вардарскиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1,79%.

Најголем број на слободни работни места, односно 1.822, има во петтата групата на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.