Вкупно 105 милиони евра преку странски инвестиции за пет месеци

43

files.php__0Вкупните странски директни инвестиции реализирани во мај годинава изнесуваат  28,5 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија (НБРМ).

За пет месеци како странски директни инвестиции во државава влегле 105 милиони евра, што е еднакво на она што беше реализирано во текот на целата мината година.

Минатата година во Македонија беа регистрирани директни странски инвестиции вредни 104,8 милиони евра.

Во 2011 година странците инвестирале вкупно 338 милиони евра, а во 2010, 160 милиони евра.