Владимир Тодоровиќ сака да отвора хотел во Белград

107

todorovicГрадоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ планира во најстрогиот центар на Белград да отвори хотел од висока категорија, пишува на интернет страната на Канцеларијата за соработка со дијаспората и Србите во регионот, при Владата на Србија.

Тодоровиќ оваа идеја му ја изложил на заменикот директор на Канцеларијата за дијаспора, Александар Влајковиќ, кој во Македонија бил по повод свеченоста за Свети Сава и во таа прилика се сретнал со Тодоровиќ и со премиерот Никола Груевски.

Тодоровиќ истакнал дека има намера да разговара со сопствениците на една голема деловна зграда крај Кнез Михајлова улица, кои се познати по купувањето на некогашната стоковна куќа Београд. Доколку не се договори со нив, рекол дека ќе се распраша за купување на земјиште во Белград, на кое би го реализирал проектот за отворање на хотел, пишува во текстот објавен на страната на Канцеларијата за дијаспора.