Влажни коловози и можни поситни одрони

15

odroni-pexels

Фото: Pexels

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во клисурите и засеците можни се поситни одрони, особено на патните правци Кочани-Делчево, Виница-Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д. Капија-Удово и Катланово-Велес.

На патниот правец Демир Капија – Удово завршени се градежните работи. Сообраќајот се одвива нормално по двете коловозни ленти во двата правци.

На патниот правец Гостивар – Маврово во близина на Ново Село, поради реконструкција на мост, сообраќајот се одвива регулирано со семафори и наизменично по една коловозна лента. На патниот правец Прилеп – Градско (Р106), 1 км пред тунел Фариш, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента во должина од 200 метри. Поставена е соодветна светлосна сигнализација за регулирање на сообраќајот.

Патниот правец Р-103 Неготино – Радовиш односно Неготино – Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот бр. 9 преку реката Вардар, целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино – Криволак – Пепелиште и тоа само за лесни возила.

Поради оштетување на коловозот на патен правец Р-409 Маврово – Дебар во близина на Бошков мост сообраќајот се одвива во две ленти преку бајпас (додека траат санациите на оштетената коловозна лента).

На патниот правец А3/Р1-312, делница Велес – Кадрифаково се врши геодетско снимање на патот.