Влезе меѓу четирите најбогати на свет – Tesla му донесе на Маск 100 милијарди долари

43

Богатството на американскиот бизнисмен од Силиконската долина во Калифорнија, Илон Маск, надмина 100 милијарди долари, што го направи еден од најбогатите луѓе во светот, објави американскиот магазин Forbes на својот список на милијардери.

Според списокот на милијардери на Forbes, најголем удел од богатството на Маск доаѓа од сопственоста во производителот на електрични автомобили Tesla, каде тој поседува 21% од акциите, а чијашто вредност скокна пет пати во оваа година.

Акциите на Tesla се појавија на пазарот во 2010 година по цена од 17 долари, а денес достигнаа рекордни 2.318,49 долари.

Маск сега е член на елитниот клуб со само четири лица со богатство од 100 милијарди долари.

Првиот на списокот на Forbes е сопственик на Amazon со двојно повеќе богатство од Маск.
Покрај Tesla, Маск е сопственик на неколку футуристички компании, меѓу кои се и производителот на вселенски ракети SpaceX и Neuralink, високо софистицирана компанија која работи на поврзување на човечкиот мозок со компјутер.