Влијанието на санкциите врз Русија: Производството на автомобили речиси и да не постои

114

Само 3.700 автомобили беа произведени во Русија во мај 2022 година.
Неодамна Русите објавија дека ја вратиле Лада Нива во производство „ослободена“ од поголемиот дел од и онака скромната опрема. Но, најавата за враќање во производство е едно, а бројките се сосема друго.

Прашање е колку компоненти за производство имаат Русите генерално, бидејќи повеќето од нив доаѓаат од други земји, односно повеќето европски производители на делови ја напуштиле Русија.

Производството на патнички автомобили во мај паднало за 96,7 отсто во однос на истиот месец во 2021 година, покажуваат податоците објавени од Росстат, државната статистичка служба на Русија. Само 3.700 автомобили се произведени во Русија во мај 2022 година, што е пад од 81,3% во споредба со април.

Исто така, производството е намалено за повеќе од половина кога се гледа периодот јануари-мај, во споредба со 2021 и 2022 година.