Внимателно низ клисурите и засеците

19

Блокадата на граничните премини Блаце и Јажинце е завршена и сега овие два гранични премини се отворени за сообраќај за сите видови на возила.

Од 11.09.2013 година започнуваат градежни работи на пат, пл.пр. Плетвар, патен правец Градско-Прилеп од 41 до 43 км. Сообраќајот ќе се одвива по две коловозни ленти со поставена соодветна вертикална сигнализација. Работите ќе се изведуваат во временски период од 07:00 до 17:00 часот и се очекува да завршат до средина на следната недела.
Почнувајќи од 29.08 на патниот правец А2 Гостивар-Кичево на планинскиот превој Стража од 1 до 1,5 км во правец на Кичево се изведуваат асфалтерски работи. Извршувањето на работите нема да има влијание при движењето на возилата и истите ќе се изведуваат во работните денови најчесто од 08:00-15:00 или 16:00 часот.
Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони. На патниот правец Р1 303 Прилеп – Македонски Брод – Кичево на 33 км, од планинскиот превој Барбарoс кон Македонски Брод на м.в. Арматоец сообраќајот е нормализиран.
Сообраќајот на сите останати државни патишта низ државата се одвива непречено, пo наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и излез од Македонија.