Внимателно тргување на Волстрит

97

На Волстрит индексот S&P 500 порасна во четвртокот, исто како и индексот Nasdaq, што најмногу се должи на силниот раст на цените на акциите на технолошките компании кои предничат во развојот на вештачката интелигенција. Dow Jones загуби 0,11 отсто, на 32.764 поени, додека S&P 500 порасна за 0,88 отсто, на 4.151 поен, а индексот Nasdaq 1,71 отсто, на 12.698 поени.

Најголем добитник вчера беа акциите на Nvidia, кои пораснаа за 24 отсто до рекордно високо ниво, откако производителот на чипови изјави дека неговиот квартален приход ќе биде 50 отсто поголем од проценетиот благодарение на големата побарувачка за чипови со вештачка интелигенција (ВИ).

Нема напредок во преговорите меѓу Бајден и републиканците
Благодарение на ова, значително се зголемија цените на акциите на другите технолошки гиганти, кои се водечки во развојот на вештачката интелигенција, како што се Microsoft, Alphabet. Силно пораснаа и цените на акциите на другите производители на чипови, како Micro Devices и Micron Technology, па индексот SE на тој сектор скокна за речиси 7 отсто.

Тоа е најважната причина за вчерашниот раст на S&P 500 и Nasdaq индексот. Останатите сектори не забележаа големи промени бидејќи инвеститорите се внимателни, со оглед на тоа што сè уште нема напредок во преговорите меѓу претставниците на американскиот претседател Џо Бајден и републиканците за зголемување на горната граница на националниот долг од 31.400 милијарди долари.

Доколку до 1 јуни не се постигне договор кој би добил зелено светло во Конгресот, ќе дојде до нарушување во финансирањето на федералните обврски.

И на европските берзи вчера паднаа цените на акциите. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,74 отсто, на 7.570 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,31 отсто, на 15.793 поени, а париски CAC за 0,33 отсто, на 7.229 поени.