Внимателно возење низ клисурите и засеците

19

На патниот правец А1 делница Миладиновци-Куманово, од 20.09.2013 започнаа интензивни геодетски теренски активности на правецот од клучка Крива Паланка до клучка Куманово.

Од 11.09.2013 година започнаа градежни работи на пат, на пл. пр. Плетвар, патен правец Градско-Прилеп од 41 до 43 км. Сообраќајот ќе се одвива по две коловозни ленти со поставена соодветна вертикалана сигнализација. Работите ќе се изведуваат во временски период од 07.00 до 17.00 часот и се очекува да завршат во текот на оваа недела.
Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Сообраќајот на сите останати државни патишта низ државата се одвива непречено, пo суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и излез од Македонија.