Бројот на работници во индустријата во период од јануари до декември 2015 година, во однос на истиот период во 2014 година, е зголемен за 1,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на работници во индустријата во декември 2015 година, во однос на истиот период претходната година, е зголемен за 1,7%.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, бележи опаѓање од 0,8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е на исто ниво.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,5% и Капитални производи за 16,3%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 4,8%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,7% и Енергија за 0,5%.