Во 2015, менаџерите во Србија повеќе ќе отпуштаат, помалку ќе вработуваат

38

sr

Менаџерите во Србија во 2015 година повеќе ќе отпуштаат отколку што ќе вработуваат, а за да се намали таа пропорција потребно е да се намалат разните давачки и да се зголеми куповната моќ на населението, покажува истражувањето на Мрежата за бизнис поддршка, пишува Новости.

Мрежата за потребите на европските институции во ноември и првата недела од декември спровела анкета меѓу 260 менаџери во српски компании во девет градови. Од нив, 15,9% навеле дека планираат да вработуваат нови луѓе, додека 33,8% рекле дека ќе го намалуваат бројот на вработени поради лошите резултати и пад на прометот. За 45,3% менаџери, одлуката дали ќе вработуваат или отпуштаат ќе зависи од состојбата на пазарот и економската состојба во земјата, додека 5% не дале одговор.